Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одржа втората фестивалска вечер на 18-тиот Меѓународен тамбурашки фестивал Куманово 2022

Вечерва се одржа втората фестивалска вечер на 18-тиот Меѓународен тамбурашки фестивал Куманово 2022, кој е во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на градоначалник и Совет на Општина Куманово. На втората фестивалска вечер настапија: ТО “Табиет”-Свети Николе, ТО КУД “Мајшперк”-Словенија, “Нокаут”, а специјален гостин на вечерта беше Игор Џамбазов. Претседателката на Совет на Општина Куманово Ѓорѓиевска, во своето обраќање изрази задоволство од успешната организација на ова издание на Фестивалот, истакнувајќи дека Општина Куманово секогаш ги подржува и ќе продолжи да ги негува културните настани, кои се олицетворение на нашето културно творештво и богатство.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст