Свечено отворање по успешно завршена реконструкција во ООУ „Карпош”- с. Умин Дол
Денеска, на првиот училишен ден од новата учебна година, во ООУ „Карпош”- с. Умин Дол свечено беше отворен училишниот објект по успешно завршениот проект за реконструкција на оваа училишна зграда и на подрачното училиште во с. Љубодраг, кој е реализиран со финансиска поддршка на Министерството за образование и наука на РСМ и Општина Куманово. Овој проект опфати реконструкција на кров, подови и тоалети, нови прозорци и врати, нова енергетско-ефикасна фасада, санитарни јазли и делумно нов ентериер, нова електрична инсталација со нов систем за греење, пристапна рампа и тоалети адаптирани за лица со попреченост. На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот и секретарот на Општина Куманово, претседателка на Совет на Општината, раководител на Сектор за образование и останати претставници од општинска администрација. Димитриевски нагласи дека Општина Куманово продолжува да ги реализира потребите на општинските училишта, со единствена цел – на учениците да им бидат обезбедени соодветни услови за учење и напредување, преку обезбедување на повисоко образовно ниво. Градоначалникот на сите ученици и наставници им посака успешен почеток на новата учебна година, која ќе донесе подобар образовен процес со одлични ученици и добри резултати. Согласно со фактот дека образованието е темел и приоритет на секое демократско општество, да продолжиме да создаваме успешни генерации, кои ќе бидат слика на своите наставници, како носители на образовниот процес.