Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прв Меморијален турнир во чест на кумановската ракометна легенда Чедомир Трајановиќ

Вечерва на спортското игралиште во комплексот Соколана се одржа првиот Меморијален турнир во чест на кумановската ракометна легенда Чедомир Трајановиќ,кој беше одличен ракометар и голгетер на Куманово, како и успешен тренер во машка и женска конкуренција. Настанот се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. На ревијалниот натпревар настапија повеќе генерации на ракометари, со цел да го испочитуваат спортистот Трајановиќ. Со должна почит пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, кој истакна дека треба да го одржуваме и развиваме богатиот спортски живот во нашиот град, вложувајќи доволно труд и време, кои ќе донесат успешни спортисти со нови достигнувања и резултати. Димитриевски оддаде почит на ликот и делото на ценетиот спортист, потенцирајќи ги неговата игра и впечатлив настап, кои ќе останат пример за новите генерации.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст