Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба со претставниците од проектот Еразмус+ во Општина Куманово

Учесници од проектот Еразмус+ програмата “Светли училишта за светла иднина”, денеска беа примени во Општина Куманово од страна на претседателката на Советот на Општината,Ивана Ѓорѓиевска.
Домаќин на проектот е ДСУ РЦСОО ”Киро Бурназ” од Куманово во периодот 19-23 септември,додека партнери на проектот се училишта од Романија,Унгарија и Турција.
Главни цели на оваа едукација се:
-развивање на животни вештини кај учениците;
-решавање на проблеми,флексибилност,донесување на одлуки и други способности кои се бараат на пазарот на трудот;
-зголемување на интересот кај учениците за други земји и култури;
-и подобрување на комуникациските вештини со англискиот јазик.
На оваа мобилност учениците заедно со нивните наставници ќе работат на “Дигитални решенија за подобра математика” преку нови идеи на образовни методи и современи алатки при креирање на интересни часови по математика.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст