Прес конференција на претседателката на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија
Претседателката на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, Невена Величковска одржа прес конференција во врска со Известувањето за поднесување на предлози за доделување на Ноемвриската награда за 2022 година.
Според Одлуката, Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело, односно резултат во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областа на стопанството и вонстопанските дејности,во текот на едногодишен и повеќегодишен период.
Постигнувањата да бидат достапни во јавноста до 11-ти Октомври оваа година, а авторот на делото да биде жител на Општина Куманово, односно делата и постигнувањата да бидат тематски поврзани со Куманово.
Право на предлагање на кандидати за Ноемвриската награда имаат претпријатија, установи, здруженија, месни заедници, група граѓани и поединци.
Предлозите за доделување на Ноемвриската награда со образложение во писмена форма може се доставуваат до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија најдоцна до 31-ви октомври,нагласи Величковска.
Во прилог следува изјавата од денешниот настан: