Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Пријателска средба помеѓу градоначалниците на Општина Ловеч и Општина Куманово

Повод за пријателската средба помеѓу градоначалниците на Општина Куманово и Општина Ловеч од Бугарија беше гостувањето на Драмскиот театар од  Република Бугарија со театарската претстава ”Службогонци” во рамките на манифестацијата  “Денови на комедија” во Куманово.
Градоначалникот на Општина Куманово,Максим Димитриевски ја прими неколкучлената делегација од Ловеч предводена од градоначалничката Корнелија Маринова, директорката на театарот Биљана Петрова, претставникот на секторот односи со јавност Цветан Тодоров, коресподент на БТА во Ловеч Даниела Балабанова  и дел од актерската екипа во пријатна и пријателска атмосфера.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст