Хуманитарното здружение “Мајка” одбележа 30 години постоење
Денеска во Занаетчиски дом Хуманитарното здружение “Мајка” одбележа 30 години успешно постоење. Присутните имаа можност да проследат презентација на реализираните активности. Пред присутните се обрати првата претседателка на Здружението Гордана Митровска, која ја образложи идејата за формирање на ова Здружение. Во своето обраќање сегашната претседателка Лидија Илијевска ги потенцираше досегашните активности на Здружението. Претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска ги поздрави досегашните напори и активности на “Мајка”, истакнувајќи дека тие се поттик за понатамошно успешно делување на нејзините членови, следејќи ги досегашните високи резултати. Од името на Здружението беа доделени благодарници на соработниците и донаторите.