Два мега концерти на градскиот плоштад по повод 11 Ноември, Ден на град Куманово
Почитувани,
По повод 11 Ноември, Ден на град Куманово Ве известуваме дека на градскиот плоштад на 09.11. (среда) и 10.11.2022 година (четврток) ќе се одржат два мега концерти, со почеток во 20.00 часот.
На првата вечер ќе настапат: Дајте музика, Tyzee и Sara Jo.
А во предвечерието на Денот на градот, ќе имате можност да уживате во настапите на: Alketa, Bardhi, Next time и Влатко Лозаноски Лозано.
Ве очекуваме!