Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

55 години музичко творештво на Маргица Антевска

Вечерва во Занаетчиски дом Куманово, нашата музичка sвезда Маргица Антевска одржа концерт, по повод  55 години музичко творештво. Овој културен настан е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Пред присутната публика беа интерпретирани стари македонски народни и забавни музички нумери и преработки на познати стихови. Антевска настапи придружувана од Марко Митковски на пиано, Бојан Трајчев- гитара, Никола Петковски- виолина и Милена Митковска-вокална придружба.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст