Акција на пошумување на локалитетот Спомен Костурница во Куманово
Во организација на Општина Куманово, ЈП “Чистота и зеленило” заедно со припадници на АРМ и ТППЕ Куманово, денеска започна уште една етапа за масовно пошумување во рамките на кампањата ”Куманово мој зелен дом”, со засадување на 2000 зимзелени садници на локалитетот Спомен Костурница.
На акцијата учествуваа Градоначалникот на Општина Куманово, претседателката со претставници од Советот на Општината и група составена од ветерани на ЗАПВАРС Куманово.
Целта на проектот, кој се одвива во повеќе фази, е да ја подигне јавната свест за зачувување на животната средина преку пошумување и раззеленување на градот и околината.