“Развојни можности во женско претприемништво во Североисточниот плански регион”
Градоначалникот на Општина Куманово се обрати до учесниците на денешниот Форум на тема “Развојни можности во женско претприемништво во Североисточен плански регион” во организација на Националната платформа за женско претприемништво во Куманово, имплементирана преку проект кофинансиран од ЕУ, кој се спроведува од страна на Здружението “Бизнис жени”, во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР и Сојуз на стопански комори на Македонија.
На панел дискусијата: Можности и дилеми на жените при процесот на започнување на сопствен бизнис и поддршка од локалната самоуправа за женско претприемништво, учествуваше и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.
Настанот се одржа во салата на Занетчискиот Дом – Куманово.