Средба на претседателка на Совет на Општина Куманово со кошаркарките од ЖКК Куманово
Во чест на празникот, 11 Ноември, претседателката на Советот на Општина Куманово се сретна со членките од ЖКК Куманово, по повод претстојниот турнир во кошарка во рамките на Ноемвриските денови 2022.
На турнирот во женска конкуренција ќе учествуваат 4 прволигашки екипи, додека во машка конкуренција ќе учествуваат 4 екипи со кошаркари до 14 годишна возраст.
Натпреварите ќе се одиграат во спортската сала на СОУ “Перо Наков” – Куманово.
Спортскиот настан е во организација на Општинскиот Сојуз на спортови Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.