Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јубилејна изложба на Меѓународната ликовна колонија “Карпино 2022”

Во рамки на празничните настани по повод 11 Ноември, во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев” – Куманово беше отворено 20-то издание на изложбатa  “Карпино 2022” – Меѓународната ликовна колонија во организација на Мултимедијалниот центар “Карпино”, под покровителство на Градоначалникот и Советот на  Општина Куманово.
Изложени се 25 уметнички дела, во повеќе техники, од 13 автори од Македонија,Србија и Јужна Каролина (САД).
Во знак на почит и благодарност, доделени се шест плакети на досегашните уметнички директори на колониjата, по повод дваесетгодишниот јубилеј на ”Карпино”.
На изложбата присуствуваа претседателката со претставници од Советот на Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст