Празнична средба со поранешни претседатели на Совет на Општината по повод 11 Ноември
По повод 11 Ноември, Ден на ослободувањето на Куманово градоначалникот Димитриевски и претседателката на Совет на Општината Ѓорѓиевска остварија празнична средба со поранешни претседатели на Совет на Општина Куманово. На средбата се разговараше за досегашните работни активности во рамките на исполнување на обврските на членовите на Советот, кои работат во служба на граѓаните.