Празничен турнир во футсал за пехар на градоначалник
Во рамките на Програмата за одбележување на Денот на ослободување на Куманово, денеска во училишната спортска сала на СОУ “Перо Наков”-Куманово се одржа турнир во футсал за пехар на градоначалникот. Организацијата на овој традиционален спортски натпревар е од страна на Општински сојуз на спортови и Сојуз на училишен спорт. Учество зедоа ученици од општински средни училишта. По турнирот градоначалникот Димитриевски додели пехари на најдобрите спортски екипи и награди за најдобар стрелец, голман и играч на турнирот.