Одбележани 78 години од ослободувањето на Куманово на Спомен костурница
Денеска на споменикот на паднатите борци од Народноослободителната војна Спомен костурница се одбележа 11 Ноември- Ден на ослободување на Куманово.Оддавајќи им достојна почит на паднатите борци за слобода, бројни делегации положија свежо цвеќе: Сојуз на борци од народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија -Општински одбор Куманово, градоначалник на Општина Куманово, претседателка и членови на Совет на Општината, Министерствата за внатрешни работи и за земјоделие, шумарство и ветеринарство, пратеници во Собрание на РСМ, претставници на збратимени градови, јавни претпријатија и установи, општински училишта, здруженија на граѓани, политички партии. Во чест на 11 Ноември пред присутните се обрати секретарот на Сојуз на борци од народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија и граѓаните почитувачи, Благе Јакимовски.