Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Куманово наградена со “Европска ознака за извонредност на управувањето”

Европската организација за локална демократија – АЛДА
на Општина Куманово и додели награда, по успешно спроведениот процес на самоевалуација и покажувањето на високо ниво на усогласеност со 12 Начела за добро демократско управување на Советот на Европа.
Наградата “Европска ознака за извонредност на управувањето” ја прими Градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски, на денешната свечена церемонија во хотел Хилтон – Скопје.
На настанот беа споделени искуства од спроведувањето на процесот во општини од три држави (Хрватска, Косово и Македонија) кои беа опфатени со проектот организиран од страна на АЛДА.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст