Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Бисери на резбата во Кумановско”

Во салата на Занаетчиски Дом – Куманово отворена е изложба со наслов “Бисери на резбата во Кумановско”, проект во реализација на  НУ Музеј – Куманово и Фото клуб “Куманово”.
Автор на поставката е Славица Крстиќ, советник, документатор и историчар на уметност во музејот на Куманово.
Изложени се 52 колор фотографии и 13 автентични примероци на резба со најубавите делови од сакралните споменици од ова поднебје, во временски период од 16 до 20 век.
Присутните проследија презентација, како надополнување на изложбата.
На Општина Куманово и беше доделена благодарница за соработка на изложбениот проект “Бисери на резбата во Кумановско”.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст