Тркалезна маса – “Развој на Локалните совети за превенција во РСМ”
Во организација на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа) Мисија во Скопје, беше одржана трибина – “Развој на Локалните совети за превенција во РСМ” во хотел Хилтон, Скопје.
На тркалезната маса учествуваа претставници од осум најголеми општини во земјава (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Охрид, Битола, Тетово и Скопје), заедно со претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС и други локални институции.
Дискусиите се одвиваа во групи со цел да се лоцираат главните проблеми и пречки со кои се соочуваат ЛСП, со акцент на важноста на ЛСП за безбедноста во локалните заедници и нудење на конкретни решенија за нивен понатамошен развој.
Во име на Општина Куманово на настанот присуствуваше претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.