Повик за поднесување на понуди (ППП)
Повик за поднесување на понуди (ППП)
MSIP2-SIG-NCB-046–22-2
1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година.
2. Република Северна Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), за спроведување на Вториот проект за подобрување на општински услугите (МСИП2) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Набавка на возило за собирање и транспорт на смет.
3. Општина Куманово ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за Набавка на возило за собирање и транспорт на отпад.
4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јуни 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:
Адреса: ул.11 Октомври б.б.
Град: Куманово
Поштенски број: 1300
Држава: Р.Северна Македонија
Телефон: 076 238 944
Електронска адреса: [email protected]
6. Тендерската документација на македонски јазик може да ја превземат заинтересираните понудувачи директно на адресата на Општина Куманово или на горенаведената електронска адреса, по поднесување на писмено барање.
7. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до:
12:00ч,
23.12.2022год.
Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:15ч, 23.12.2022.
8. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од :
300.000,00 МКД
9. Општина Куманово
Адреса: ул:11 Октомври б.б
Град: Куманово
Поштенски број: 1300
Архива
Држава: Република Северна Македонија