Резултати од истражување на јавно мислење – Јавниот превоз во Oпштина Kуманово, потреба од бесплатен јавен превоз и негово влијание врз квалитетот на животот на граѓаните – декември 2022
Општина Куманово спроведе јавна набавка за истражување на јавно мислење – “Јавниот превоз во Oпштина Kуманово, потреба од бесплатен јавен превоз и негово влијание врз квалитетот на животот на граѓаните” во Декември 2022 година, кое имаше за цел да го измери степенот на задоволство кај граѓаните од јавниот превоз во Општина Куманово, да даде одговор на прашањето дали граѓаните би поддржале воведување на бесплатен јавен превоз на територија на Општина Куманово за сите граѓани преку субвенционирање кон вршителите на јавниот превоз од буџетот на Општина Куманово, да го измери мислењето на граѓаните за бенефитот од воведување на бесплатен јавен превоз на територија на Општина Куманово и воедно да го измери степенот на задоволство на граѓаните од работата на локалната самоуправа.
Истражувањето е извршено на репрезентативен примерок од 1018 испитаници на територија на Општина Куманово од страна на носителот на јавна набавка.
Во продолжение се резултатите од истражувањето.