Нацрт стратегија за рурален развој на Општина Куманово за период 2023 -2027 година
Стратегијата за рурален развој за период 2023 -2027 година е дел од активностите на Одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, согласно Програмата на Сектор за меѓународна соработка и евринтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР на Општина Куманово, бр. 09 -1829/22 од 25 февруари 2022 година.
Во изработката на Стратегијата учествуваа претставници од: општинска администрација, Здружение на земјоделци на Општина Куманово, Подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ, Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – канцеларија во Куманово, Здружение на пчелари, Здружение на угостители, Регионална занаетчиска комора, Локален економско- социјален совет – Куманово, Музеј – Куманово, Здружение на органски производители, Фондација за развој на мали и средни претпријатија- Куманово, Граѓански организации и други засегнати страни.
Се известуваат сите физички и правни лица кои имаат предлози и насоки за подобрување на Нацрт – верзија на стратешкиот документ, истите да ги достават на следниов меил: [email protected] и [email protected], најдоцна до 20 декември 2022 година.