Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дневен ред на седумнаесетта седница на Совет на Општина Куманово

На 27 декември 2022 година (вторник) со почеток во 10:00 часот, во кружна сала на зградата на поранешните општествено – политички организации ќе се одржи седумнаесетта седница на Совет на Општина Куманово, со следниот

Дневен ред

  1. Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2023 година;
  2. Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2023 година;
  3. Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2023 година;
  4. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2023 година;
  5. Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето општина Куманово во 2023 година;
  6. Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2023 година – зимско одржување;
  7. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување цени за зимско одржување на сообраќајници во град Куманово при Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;
  8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на јавни службеници за 2023 година;
  9. Работна програма за 2023 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
  10. Програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2023 година;
  11. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2023 година;
  12. Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;
  13. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;
  14. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2023 година;
  15. Предлог – Одлука за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2023 година;
  16. Предлог – Одлука за утврдување на право на користење на еднократна парична помош или помош во натура за 2023 година;
  17. Предлог – Програма за социјална заштита на Општина Куманово за 2023 година;
  18. Предлог – Одлука за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
  19. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2023 година;
  20. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2023 година;
  21. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2023 година;
  22. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;
  23. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2023 година за ангажирање на 25 (дваесет и пет) работници преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;
  24. Информација за работа на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Куманово за период јануари – јуни 2022 година;
  25. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово;
  26. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2023 година.

 

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст