Бадник-празник на спокој, сплотеност и радост
По повод Бадник, осма година по ред во Куманово се одржа Бадникова поворка. Во оваа масовна празнична поворка учествуваа дечиња и родители од нашиот град. Поворката тргна од Соборниот храм “Св.Никола”, и носејќи ја пештерата и пеејќи ја Божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа на градскиот плоштад, каде што беа поделени колачиња и изненадувања за децата. На настанот присуствуваа градоначалникот и претседателката на Совет на Општина Куманово, кои посакаа мирни Божиќни празници, исполнети со среќа, бериќет и успеси.