Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одбележан предвесникот на Христовото раѓање Бадник

Во чест на Бадник   Здружението на граѓани “Коледари”-Куманово  ја одржа традиционалната 24-та Бадникова прослава. Бадниковата поворка го посети Соборниот храм “Св.Никола”, од каде се упатија на градскиот плоштад пред НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев”. Во празнична атмосфера беа поделени бадникови гранчиња и леб, овошје и топол чај за сите присутни. На ова празнично одбележување присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, претседателката и членови на Совет на Општината.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст