Димитриевски упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици
Нека е честит и вековит денешниот празник Богојавление – Водици!
Во духот на христијанските вредности, сплотени, со подадена рака кон сите оние на кои им е потребна поддршка и надеж за посветла иднина, со осветување на водите и светиот крст ја зацврстуваме вербата во Бога, продолжувајќи ја вековната традиција на нашите предци.
Бог се јави, нека е за многу години празникот Водици со желби за здравје, мир и благосостојба!