Потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Р Србија во посета на ООУ Карпош-с.Умин Дол
Во рамки на одбележувањето на Денот на Свети Сава, националниот празник на Србите кои живеат во нашата земја, денеска ООУ Карпош – с.Умин Дол со поддршка на Општина Куманово, беше домаќин на високи државни претставници од Република Србија.
Учениците заедно со своите наставници приредија пригодна културно – уметничка програма во духот на православниот просветител и закрилник на српскиот народ, Св.Сава, пред гостите од соседна Србија, меѓу кои беа и потпретседателот на Влада и министер за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ, амбасадор на Р Србија во РС Македонија, Невена Јовановиќ, претставник од одбрана на Р Србија, воен аташе Вујица Вукобратов, шеф на кабинет на потпретседателот на Владата на РС Жарко Миќин, началник на кабинетот на министерот за одбрана, Горан Момчиловиќ, началник на Управата за меѓународна воена соработка на Министерството за одбрана, Небојша Свјетлица и делегација од Општина Куманово предводена од градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, советникот Мирослав Тричковиќ, раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ, службеникот за млади Мартин Крстиќ.
На задоволство на учениците и нивните наставници гостите присуствуваа на наставен час, каде низ дружење и разговор се запознаа со начинот на изведување на наставата на српски јазик и условите во училиштето.