Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Конференција за поголема вклученост на младите во општеството

Во организација на “Europe House”(канцеларија на ЕУ за североисточен плански регион), денеска во Занаетчиски дом – Куманово се одржа конференција за потребата од локални младински совети, односно за поактивно вклучување на младите во општеството под мотото “Европа е со тебе”.

На панел дискусијата учествуваше и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска која се осврна на активностите кои ги презема Општината во врска со барањата и потребите на младата популација и нивно вклучување во различни проекти, како и за идните планови на Општина Куманово поврзани со оваа тема.
Претседателката потенцираше дека во координација со службеникот за млади при Општина Куманово, Мартин Крстиќ во наредните месеци се планира отворање на канцеларија која ќе биде во функција на потребите и активностите на младите, место од каде ќе потекнуваат креативни идеи, проекти во кои ќе бидат вклучени младите луѓе, односно ќе бидат застапувани нивните интереси во сите општествени сфери.
На конференцијата беа споделени искуства од работата на постоечките локални младински совети, кои успешно делуваат и ги мотивираат младите за активно вклучување во сите сфери на општественото живеење.
Панелистите кои учествуваа во дискусијата ја нагласија улогата на граѓанскиот сектор како поддршка и партнер во функционирањето на локалните младински совети.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст