Делегација на Општина Куманово во Нови Сад по повод Ден на градот
Нови Сад одбележа 275 години од своето постоење на 1 февруари, важен историски датум за градот.
На свечената акедемија во чест на празникот на збратимениот град присуствуваше и делегација на Општина Куманово предводена од градоначалникот Максим Димитриевски, кој упати искрени честитки на домаќините нагласувајќи ја долгогодишната успешна соработка.
Димитриевски, притоа изрази надеж за продолжување и продлабочување на меѓусебните односи со цел да се реализираат нови заеднички проекти кои ќе бидат од големо значење за граѓаните од двете општини.
При посета на збратимениот град Нови Сад, делегација од Општина Куманово го посети и седиштето на македонското Здружение „Кирил и Методиј“ кое активно работи 16 години, ја негува македонската култура и традиција во Република Србија и го организира настанот „Денови на македонската култура“.