Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

151 година од раѓањето на водачот на македонското револуционерно националноослободително движење Гоце Делчев

Денеска СОУ-Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово пригодно одбележа 151 година од раѓањето на патронот на училиштето, македонскиот национален херој и деец на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев. Со почит кон Делчев делегации од Општина Куманово, Советот на Општината и Сојуз на борци од народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија-Општински одбор Куманово, положија свежо цвеќе на бистата на револуционерот Делчев во училиштето. Присутните проследија и кратка пригодна програма, во чест на името и делото на Гоце Делчев.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст