Во Куќата – музеј на Христијан Тодоровски Карпош одбележана годишнина од загинувањето на легендарниот командант
Во организација на Општински одбор на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Куманово, традиционално денеска беше посетена Куќата – музеј на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, во рамки на одбележувањето на 79 години од загинувањето на легендарниот командант на Козјачкиот партизански одред.
Во знак на почит и благодарност делегации на Општина Куманово и Совет на Општината положија свежо цвеќе пред бистата на народниот херој од Народноослободителната антифашистичка борба.
Беше посетена и историската постојана поставка во Куќата – музеј на Х.Т. Карпош, а пред многубројните почитувачи на ликот и делото на народниот херој се одржа пригодна културно – уметничка програма.
Делегација на Сојуз на борци – Куманово положи свежо цвеќе и на споменикот на Карпош во с.Билјача- Прешевско, место каде што загинал славниот командант.