Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Потпишани Договори за национално кофинансирање по Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р Бугарија и РС Македонија

Согласно со проектот “Подобрување на туристичкиот потенцијал во Куманово и Ќустендил преку модерна визија за регионите”, денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов потпишаа Договор за национално кофинансирање по Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р Бугарија и РС Македонија.

Во врска со проектот “Соработка во визуелните уметности за промоција на културниот идентитет на регионот”, беше потпишан и Договор со В.Д. директорот на Фондацијата за култура и спорт Куманово Марио Арангеловски. Целта на Договорот е промоција на културниот идентитет на регионот, преку подобрување на условите за развој на туризмот во двете земји.

На работната средба беше истакната досегашната соработка помеѓу Општината и ресорното Министерство, со акцентирање на заедничкиот интерес за имплементација на нови значајни проекти.



 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст