Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во Гњилане се одржа средба за меѓугранична соработка за изградба и модернизација на Зелениот пазар

Градоначалникот Максим Димитриевски со претставници од општинската администрација и директорот на ЈП „Пазаришта„ Куманово  е во посета на Општина Гњилане. Делегацијата оствари средба со Градоначалникот на Општина Гњилане Љутфи Хазири, со Градоначалникот на Витина, Сокол Халити и Градоначалникот на Крива Паланка, Борианчо Мицевски. Целтта на оваа средба е координиција за проектите за меѓугранична соработка, каде општините Куманово и Гњилане го добија проектот од Европската Комисија за реконструирање и модернизација на пазарите.

Градоначалникот Димитриевски изрази благодарност на Градоначалникот Хазири за пречекот и соработката, и рече дека преку заедничкиот проект за модернизација на пазарите добивка ќе имаат трговците. Тој додаде  дека имплементацијата на овој проект е многу важна и ќе има долгорочен ефект во иднина,бидејќи  само на овој начин може да се  зголемими соработката за заедничките важни проекти за  граѓаните од двете општини.

Од страна на работните групи на средбата беа презентирани проектите.

Градоначалникот  за време на својот престој во Гњилане ги посети   канцеларијата на ЕК, кампусот на средните училишта, предучилишната институција “Ardhmëria 2”, основното училиште во село Понеш, каде учат ученици од двете заедници, Градскиот музеј и регионалната библиотека „Фан С. Ноли“.

Димитриевски го покани Градоначалникот Хазири да ја посети општина Куманово, за понатамошно продлабочување на соработката.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст