Консултативна работилница “Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените”
Во рамките на проектот “Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените”, денеска во зградата на поранешни општествено-политички организации се одржа консултативна работилница на тема “Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените”. Организацијата на оваа работилница е на Реактор – истражување во акција, во соработка со Националниот демократски институт (НДИ), а со поддршка на Шведската амбасада во РСМ.
Работилници на оваа тема се организираат во сите шест изборни единици, со цел да се презентираат клучните наоди од студијата спроведена во 2022 година, која имаше за цел да ја истражи застапеноста на жените во Советите на локалните самоуправи, искуствата на советниците и советничките во политиката и нивните ставови за родова еднаквост во општествениот и политичкиот живот во државава.
На настанот присуствуваа претседателката на Совет на Општината и советнички во Советот, членки на Комисијата за еднакви можности.