Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Боксерски клуб Куманово со награди на меѓународни турнири

Градоначалникот на општина Куманово денеска оствари средба со членови на управата на Боксерскиот клуб Куманово и боксерите Бајрам Мамутовски и Фурхан Јашаровски. Средбата беше повод Димитриевски да им честита на боксерите на наградите, со кои се закитија на меѓународните турнири во Бујановац и Бања Лука. Своите борбени вештини ги демонстрирале во повеќе категории во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција, освојувајќи златен и сребрен медал. Бајрам Мамутовски  е прогласен за најдобар боксер на меѓународен турнир во Бујановац. Општина Куманово продолжува да го поддржува неуморниот труд на нашите спортисти, кои редат бројни успеси и значајни резултати.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст