Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Голем интерес кај учениците за бесплатно пливање

Претседателката и членови на Совет на општина Куманово денеска го посетија градскиот затворен базен, на покана на претставници од Секторот за образование и Општинскиот сојуз на училишен спорт. Беше изразено задоволство од интересот на учениците за спортски активности, конкретно за пливањето, кое претставува важна дисциплина за правилен развој на младите луѓе.
Советот на Општината донесе Одлука за субвенционирање на воннаставни активности, со цел да се развива интересот за спорт кај младата популација.
Програмата за бесплатно пливање опфаќа над 2000 ученици од општинските основни и средни училишта. Предвидени се субвенции во вредност од 7 милиони денари, во чии рамки ќе се спроведува и обука на ученици – непливачи, односно ученици од помала возраст, вклучени во Програмата.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст