Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

82 години од Денот на загинување на осумте авијатичари

Денеска достојно се одбележаа 82 години од Денот на бомбардирање  на аеродромот во близина на Куманово и Ден на загинувањето на авијатичарите, кои беа дел од војската на кралство Југославија, во борбата против фашизмот во 1941 година. Со почит кон овој значаен историски ден, пред споменикот на осумте авијатичари свежо цвеќе положија делегации од општина Куманово и Совет на Општината, амбасада на Р Србија во РСМ, претставници на невладини организации, здруженија и политички партии. Присутните имаа можност да проследат и пригодна културно- уметничка програма.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст