Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Брифинг со новинари на Градоначалникот Максим Димитриевски

Денеска Градоначалникот Димитриевски, заедно со претседателот на Совет одржаа брифинг за новинарите и медиумските работници. Се разговараше за тековните активности на општината и настаните што треба да се одржат овој месец. Во вториот дел од брифингот, новинарите имаа можност да постават свои прашања на актуелни теми. За уште поголема транспарентност и навремено информирање на граѓаните, ваквите средби ќе се одржуваат на почеток на секој месец.

Првично сакам да ве запознам и вас, а и целата јавност во делот на сите културни настани кои ќе се одржат во текот на месец мај оваа година тоа се: концерт „Кисити-кисити“, организиран од мултимедијален центар ЛУК; „Културна детоксикација 02“од истата организација; Фотоколонија „Мистериите на Бислим“,во организација на здружение на граѓани на локална акциона група на рурален развој „Гласот на селото„; традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија-202“ во организација на Фондација за култура и спорт „Куманов“-Куманово; Одбележување на победа над фашизмот и ден на Европа,вообичаено осми или деветти мај го организираме тоа, во организација за фондација за култура; „Зедно сме ЕУ“, прослава на денот на Европска Унија, со невладина организација „Пулсот на демократија“ Куманово, претпоставувам ќе биде организирана трибина; Десетти јубилеен годишен концерт КУД „Српски вез Куманово“, на 12 или 13 мај; на 15 мај- Детска ликовна колонија „Пчиња“, организатор Хуманитарно здружение „Мајка“, а секако покровител на сите овие настани е општината, директно од наша годишна програма и Фондација за култура, 15 мај дуо пијано Марко и Милена Митковски, тоа е концерт; 16 мај Уличен фестивал „Куманиум – 2023“во организација за фондација за култура; 18 мај денови на српска култура во Куманово, исто така реализира КУД Српски вез Куманово; 20 мај – По стапките на Карпош во организација на ЈОУ Библиотека Тане Георгиевски; 23 мај „Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј“ во организација на зружение на просветни работници Куманово; исто така на 23 мај е ден на Власите во организација на Фондација за култура и спорт куманово; на 26 мај „Игра- Plau“, фото клуб Куманово, ќе имаме организација на изложба; 27 мај Матурски хепенинг , фондација за култура и спорт Куманово, тоа е традиционална; на 27 мај исто така и пролетен пикник фест и Кумановска суџуклијада во организација на здружение на угостители Бисер. Oвој настан можеби ќе се одложи и ќе се стави да биде во ист термин со настанот кои што го организираме на крајот на летото, тоа е Тамбурашкиот фестивал; на 27 мај XV  клубска изложба на уметничка фотографија Мајски салон 2023 и 29 мај Приказна за љубовта од Истокот – Здружение Динамик Куманово. Тоа се сите културни настани и манифестации кои ќе следат во месецот мај.

Што се однесува до изгрдба на инфраструктурна и други проекти кои што се во план да се превземаат, само на кратко сакам да ве брифирам дека во тек се започнати активности на улица „Веселин Маслеша“, крак 1и 2 и тоа слеп крак десно од улица „Веселин Маслеша“; реконструкција на улица 172, во населба Карпош, внатрешно уредување на спортска сала кое што е во тек, каде што се врши подготовка за поставување на екоксидни подови и доплнително уредување на местата за седење во салата, а по завршување на овие опфати ќе се работи на изградба на комплетно ново борилиште или монтажа на нов современ под. Улица 112 десно во населба Карпош; дел од булевар Трета Македонска Ударна Бригада,од улица Страшко Симонов до улица Тоде Мендол, беше изведен најголем дел сега за викенд, по што следува изградба на тротоари и целосно уредување на таа улица; дел од улица Страшко Симонов, од Зелен пазар до Булевар Трета Македонска Ударна Бригада, каде што претходно со одлука на Совет, направивме тука да биде двонасочна за сообраќај за тој дел од улица, за да се олесни движење на возилата и дотур на стоки во новоизградениот објект на поранешен Први мај; Набавка, транспорт и вградување на топловодни пумпи за загревање на затворениот градски базен оваа е во рамки на проектот за подигање на нивото за енергетска ефикасност на објектот кадешто ќе се инсталираат топловодни пумпи,а дополнително ќе се инсталираат соларни колектори за производство на електрича енергија, за да се постигне непоголемо ниво на заштеди, на овој објект, бидејќи знаете трошоци за него се огромни во дел на потрошена електрична енергија и гас. Улица 111 десно во населба Карпош; реконструкција на дел од спортската сала Соколана или поконкретно, завршена е тендерска постапка за засилување на статиката на овој објект и промена на кровен покривач на овој објект,  веќе е завршена и градежната дозвола, мислам дека до крајот на месецот изведувачот ќе биде воведен во работа, за да одпочнеме т.с. продолжиме со работа на Соколана. А претходно знаете обезбедените средства околу 9 милиони денари што ни беа дадени со одлука на Валада , доплнително потоа беа и одземени и оваа инвестиција ќе оди комплетно на општинскиот буџет.

Реконструкција на дел од улица „Боро Ѓушкар“, чекаме само на согласност од Министерство за Внатрешни работи, кога ќе добиеме ќе го воведеме изведувачот во работата.

Во тек се постапки за реконструкција на фекалана канализација на Улица „Киро Фетак“ од улица „Христијан Тодоровски Карпош“ до „Улица Борис Кидрич„, и крак 1 и 3, во должина од 415 метри; реконструкција на водоводна мрежа на улица “11 Ноември”, реконструкција на водоводна мрежа на улица “Јане Сандански“, и реконструкција на водоводна мрежа на улица „Славиша Вајнер„.

Оваа недела ќе се распише постапка за поставување на детски катчиња на четири локации и тоа локалитет Водовод, ул.„Есперанто“, ул. „Лесковачка“ и село Черкезе.

Исто така сакам да ве информирам дека во текот на месец мај општина Куманово, ќр биде петставена на две меѓународни конференции. Едната во Крагуевац, Република Србија, на тема нови можности за инвестирање, каде што јас учествувам со делегација и ќе ги претставам основните цели зошто треба да се инвестира во Македонија, генерално на Западен Балкан и зошто Куманово е добра дестинација за инвестиции. Воедно ќе ги претставам можностите за инвестиција во нашата индустриска зона Новине и Речици. И втората конференција, т.е. Самит кој што е во организација Интернационален Републикански Институт од САД, каде свое учество ќе земат највисоки претставници од регионот и ќе зборуваат на темата: Градење на демократската отпорност на Западен Балкан или Безбеден балкан за помалку влијание од надвор.

Оваа се генерално сите настани и активности кои што треба да следуваат во тековниот месец и што се однесува до активностите на општината, таа е жива материја и секогаш можат да бидат променети, согласно динамиките на реализација на проектите.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст