Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дезинсекција против крлежи и адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци

Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на 22.08.2023 година (вторник) во период 05.00 – 08.00 часот, ќе се изврши дезинсекција на зелените градски површини (третман против крлежи), со следниот распоред:
22.08.2023 година (вторник) – Третирање на зелена површина на Соколански парк, на плоштад пред НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев”, на плоштад Нама, Спомен костурница и локалитет Кошеви. 23.08.2023 (среда) –Третирање на зелена површина на градски кеј и градски парк. При извршување на третманот ќе се користи препаратот CIMINA PLUS.
На 22.08.2023 година (вторник) со почеток во 00.00 часот ќе се изврши адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци. При извршување на третманот ќе се користи препаратот AKVA KOTRIN (proizvoditel BAYER).
Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманите, истите ќе се извршат првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст