Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Генералот Билбил Битри, нов командант на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) стационирана во Куманово

Бригадниот генерал Билбил Битри од албанската армија е новиот командант на Бригадата на Југоисточна Европа, чиј домаќин до 2026 година е Република Северна Македонија.

На свеченото примопредавање на должноста од генералот Евангелос Митруцикос на генералот Билбил Битри што денеска се одржа во касарната “Боро Менков” – Куманово, присуствуваше Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски. На церемонијата покрај градоначалникот присуствуваа и заменикот министер за одбрана, Тирон Јајага, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, Амбасадори, заменици на министрите за одбрана, замениците на генералштабовите и воените аташеа на земјите учеснички во бригадата.

Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, врз основа на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година во Скопје го потпишаа Министрите за Одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Романија и Турција. Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на Командата на СЕЕБРИГ е на ротациона основа, а нејзини домаќини досега беа: Пловдив, Констанца, Истанбул и Лариса.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст