Пригодно одбележан почетокот на новата учебна година
Задоволство и радост меѓу најмладата публика, предизвика денешното гостување на телевизиската сензација Биби во Занаетчиски дом – Куманово.
Со настапот на омилениот лик од анимираната серија за деца “Светот на Биби”, пригодно беше одбележан стартот на новата учебна година.
Манифестацијата ја организираше Фондацијата за култура и спорт – Куманово со поддршка на Општината.
Пред присутните се обрати претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.