Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Андреј Доневски од ООУ “Кочо Рацин” на Светска олимпијада по природни науки во Тајланд

Денеска претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, секретарот на општината Александар Гелевски и раководителот на Сектор за образование Александар Јовановиќ остварија средба со Андреј Доневски, ученик во ООУ “Кочо Рацин”, менторот наставник по физика Жаклина Пешевска и директорот на ова училиште Галаба Давчевска. На ученикот му посакаа среќен пат и многу успех на ова големо натпреварување, кое ќе се одржи во Бангког, Тајланд од 1 до 10 Декември 2023 година. На олимпијадата е пријавен и учествува како ученик во ООУ “Кочо Рацин”, а во моментот е запишан во прва година во СОУ Гимназија “Гоце Делчев” Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст