Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Димитриевски на 40-годишнината на NDI

Во чест на Меѓународниот ден на демократијата, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска присуствуваше на свеченост по повод 40-годишнината на NDI (Национален демократски институт). На овој свечен настан беше доделена наградата “Ден на демократијата”, со која се закитија Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Парламентарната група во Рим. Се одржаа и панел дискусии на темите: демократија, зајакнување на транспарентноста и одговорност за борбата против корупција и вклучување на родова еднаквост.

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст