Да ја сочуваме чиста животната околина
Денеска на локација спроти маркет “Туш” во нашиот град се спроведе еколошка акција, во организација на ЈП “Чистота и зеленило”-Куманово. Во оваа масовна акција на чистење учествуваа компанијата “Штрабак” и ЈП “ЖРСМ Инфраструктура” – Скопје. Директорот на ЈП “Чистота и зеленило” Стојчевски и претседателката на Совет на општина Куманово Ѓорѓиевска уште еднаш упатија апел до граѓаните за подигање на свеста за одржување на чиста околина, со цел да создадеме позелено Куманово.