Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Културни настани во Куманово по повод 11 октомври

Од името на градоначалникот,Советот  на Општина Куманово и Фондација за култура и спорт Куманово Ве покануваме заеднички да го одбележиме 11 октомври -Ден на народното востание и Ден на борецот.

На 10.10.2023 година (вторник) со почеток во 19.00 часот на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово ќе се одржи овогодинешното издание на “Art Attack Festival Куманово 2023”. “Art Attack Festival” подразбира соединување на повеќе уметности во рамки на една програма, во овој случај, филмската уметност и електронската музика, односно проекција на филм и неколку DJ сетови.

Во рамките на фестивалот во период од 19.00 до 20.00 часот ќе имате можност да уживате во DJ сет на “MAMBAQUINN”. Во период од 20.00 часот до 21.45 часот ќе имате можност за прв пат во Куманово да проследите проекција на македонскиот филм „Снежана на крајот умира“.

По завршување на проекцијата програмата продолжува со два DJ сета:
“DADO K & MAMLI” (22.00 – 23.00 часот) и “SHALAJKO”  (23.00 – 00.00 часот). Ги очекуваме љубителите на филмската уметност и електронската музика.

На 11.10.2023 година (среда) со почеток во 10.00 часот на Спомен костурница во Куманово ќе се одбележи државниот празник 11 октомври, во организација на Владата на РСМ, со поддршка на општина Куманово.

На 11.10.2023 (среда) во период од 12.00 – 15.00 часот на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово (плато пред НУЦК „Трајко Прокопиев”) ќе се одржи овогодинешното издание на „КуманиУМ“, забава за најмалите. Во рамките на овогодинешното издание на фестивалот се предвидени неколку активности, почнувајќи од богата ликовна изложба на дела создадени за време на Детскиот ликовен камп „АСНОМ“ – Куманово во период од изминатите три години, преку перформанс на професионален жонглер Дарко Ѓурчиновски, па се до гостување и перформанс на бројни аниматори и маскоти од популарни цртани филмови и видео игри, караоке шоу, катче за face art.

На 11.10.2023 (среда) со почеток во 20.00 часот на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово ќе се одржи овогодинешното издание на “Гитаријада – Куманово 2023”, за љубители на квалитетна музика и алтернативна култура. Гостуваат „Беседа“- Куманово, РСМ (20.00-21.00 часот), „Его“- Ниш, Р.Србија (21.00-22.00 часот) и „Негатив“- Белград, Р.Србија (22.00 – 00.00 часот).

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст