Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување од Сектор за даноци и такси при општина Куманово

Секторот за даноци и такси при општина Куманово ги известува сите даночни обврзници по основ данок на имот за физички лица за 2022 година, дека е во тек  дистрибуција на опомени за неплатени обврски.

Самата дистрибуција започна минатиот четврток на 05.10.2023 година и се очекува да заврши до крајот на оваа недела.

Пуштени се 13.974 опомени со вкупна вредност од 25.363.140,00 денари и истите се генерирани на 13.09.2023 година.

Доколку даночните обврзници не постапат согласно наведеното во опомената, односно не го платат даночниот долг во рок од осум дена од денот на доставување на опомената на последната адреса што ја имаат пријавено кај нас, ќе се пристапи кон генерирање на Решение за присилна наплата согласно чл.55 од Закон за даноци на имот, односно ќе се постапи согласно чл.73 од истиот Закон и ќе се донесе Решение за забрана на користење на средства на даночниот обврзник од неговите сметки кај носителите на платниот промет.

Доколку даночните обврзници ги имаат платено обврските во меѓувреме, во период од 13.09.2023 година до момент на прием на опомената, нека не ја земаат предвид истата.

Своите обврски даночните обврзници и физички и правни лица можат да ги плаќаат и во системот на новата платформа за електронска наплата enaplata.kumanovo.gov.mk. Со регистрација на меил и со внесување на матичен број за физички лица и даночен број за правни лица се генерираат обврските, со кои располагаат даночните обврзници и по број на Решенија субјектите ќе имаат увид во целокупниот долг со кој располагаат.

Сектор за даноци и такси и општина Куманово Ве охрабрува да ја користите новата алатка – системот за електронска наплата.

Општина Куманово апелира до сите граѓани и фирми совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на данок на имот и истовремено ги повикува сите граѓани, односно сопственици на имот што се оданочува, корисници или плодоуживатели на имот да го пријават или одјават имотот што е предмет на оданочување.

Секој корисник или сопственик на имот кој се оданочува е обврзан во рок од 15 дена од момент на стекнување на имотот, односно од добивање на употребна дозвола или впишување во Агенција за катастар на недвижности да го пријави во општина Куманово, Сектор за даноци и такси. Доколку не го пријави, општина Куманово ќе постапува согласно законските надлежности.

За сите нејаснотии и објаснувања во овој дел, граѓаните и правните лица можат да се обратат во просториите на Сектор за даноци и такси при општина Куманово, поранешна зграда на АД “Козјак”, спроти градскиот стадион.

Исто така согласно член 84, член 86 и член 87 од Законот за општа управна постапка (Сл.Весник на РСМ бр.124/15), градоначалникот на општина Куманово  даде Јавна објава за 527 субјекти, кои го немаат подигнато Решението за комунална такса за фирма, односно назив за деловна просторија (фирмарина), која е објавена и гласи:

Се повикуваат обврзниците на комунална такса за истакната фирма/назив на деловна просторија, да се јават во Одделение за утврдување и наплата на данок на имот, наплата на даноци, такси и други надоместоци при Сектор за даноци и такси, за да го примат Решението за комунална такса за истакната фирма/назив на деловна просторија за 2023 година во рок од 10 дена од денот на објавување на оваа објава.

Списокот со недоставени Решенија е објавен на огласната табла во просториите на општина Куманово, како и на официјалната веб страна https://kumanovo.gov.mk/

Јавната објава е објавена и во Службен гласник на општина Куманово, а исто така и во службените весници “Слободен печат” и “Коха”.

Со оваа објава се предупредуваат даночните обврзници дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици, кои можат да настанат/произлезат со неподигнувањето на Решенијата ќе ги сносат самите даночни обврзници.

 

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст