Одбележан Денот на Командата за операции
Командата за Операции (КО), со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово, го одбележа 17 Октомври – Денот на единицата.
Пред присутните свое обраќање имаа министерката за одбрана на РСМ Славјанка Петровска и командантот на КО, бригаден генерал, Бесник Емини. На настанот присуствуваа претставници од воено дипломатскиот кор и командата на СИБРИГ, претставници од министерството за одбрана и генералштабот, како и претставници од локалната самоуправа и претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.
По повод Денот на Командата за операции беа доделени стимулативни мерки, а 1.пешадиски баталјон е прогласен за најдобра единица во Командата.
Денот на Командата за операции, 17. Октомври е денот кога во 1887 година за време на македонското Кресненско востание е формиран првиот воен штаб на воена формација во македонската историја.