Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ј А В Е Н П О В И К за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2023 година

Врз основа на IV општа мерка од Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година („Службен гласник на општина Куманово“ бр.16/22) и член 2 од Правилникот за начинот и постапката за остварување на  правото на финансиска поддршка за вршење работи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово, донесен од страна на градоначалникот на општина Куманово, бр.01-7941/1 од 17.10.2023 година, општина Куманово објавува

Ј А В Е Н  П О В И К

за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2023 година

 

Со цел унапредување на здравјето на граѓаните на локално ниво, како и успешна реализација на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година бр.09-10073/18 од 20.12.2022 година, се распишува Јавен повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на теми:

-злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции;
-превенција на тинејџерска бременост;
-сексуално преносливи болести,
-подигнување на свеста кај родителите за поголем опфат со вакцини;
-рутински здравствени прегледи и скрининг на заболувања.     

  1. Критериуми

Како подносители на предлог-проекти остварување на правото на финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на територија на општина Куманово, можат да се јават здруженија и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на здравствена заштита, а кои ги исполнуваат следните критериуми:

– Да се регистрирани во Централен регистар на РСМ како здруженија на граѓани/правни лица  и истите да се со седиште на територија на општина Куманово како матична општина;
– Да имаат Програма за работа за 2023 година, која опфаќа активности од областа на здравствена заштита;
-. Да имаат минимум 3-годишно активно постоење и успешно реализирани активности од областа на здравствена заштита на територија на општина Куманово.

 Едно здружение/правно лице на Јавниот повик може да поднесе најмногу до 3 (три) предлог-проекти за финансиска поддршка за вршење работи од областа на здравствена заштита.

                Секој предлог-проект се доставува со поединечно Барање до општинската архива.

 

  1. Потребна документација

Подносителите на предлог – проекти потребно е да достават:

-Барање со основни информации за подносителот (име на организацијата, адреса, телефонски број, е- маил адреса, лице за контакт);
-краток опис на организацијата;
-предлог-проект за кампања, опис на активностите кои ќе се преземат;
-потребен буџет, како и опис на потребите од буџетот;
-трансакциска сметка на здружението.

 

  1. Рок и начин на доставување на предлог-проекти

Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на општина Куманово www.kumanovo.gov.mk   и ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.
Предлог – проекти со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, ул.  11-ти октомври бб, 1300 Куманово“.
Барањата со непотполна документација и поднесени надвор од предвидениот рок, нема да бидат разгледувани.
Сите заинтересирани здруженија/правни лица подетални информации за Јавниот повик можат да добијат на телефон: 078 292 799,  лице за контакт Александар Крстевски.

 

Барање 2023

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст