Европски ден за борба против трговија со луѓе: Уметност за свесност
По повод Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, денеска во Занаетчиски дом се одржа настан во организација на “Отворена порта – Ла Страда” во соработка со општина Куманово. Присутвуваа претседателката на Совет на Општината, раководителот и претставници на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, како и ученици од општинските средни училишта. Присутните имаа можност да проследат проекција на краток документарен филм со наслов “Излез”. Се одржа и плодна дискусија со средношколците на тема препознавање и заштита од трговија со луѓе.
Денешниот настан претставува вистинска можност да се прецизира дека спречувањето и борбата против трговија со луѓе треба да биде приоритет на секое демократско општество, кое ќе обезбеди заштита на правата на жртвите на трговија со луѓе.