Триесет и трета седница на Советот на Општина Куманово
На 07 ноември 2023 година (вторник), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи Триесет и трета седница на Советот на Општина Куманово
Дневен ред
- Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2023 година;
- Предлог – Одлука за впишување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.07.2023 – 30.09.2023 година;
- Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2023 година;
- Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2023 година;
- Предлог – Решение за давање на мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово;
- Предлог – Правилник за измена на Правилникот за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за распределување на финансиски средства наменети за обезбедување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето на населението за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за доделување на основна главнина на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2023 година;
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на проектни приоритети за реконструкција на дел од улица „300“ во Ајдучка Чешма во Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за утврдување на проектни приоритети за изградба на некатегоризиран локален пат с. Новосељане – с. Косматац – с. Мургаш во Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за давање согласност објекти – недвижности сопственост на Општина Куманово да се дадат под закуп по пат на електронско јавно наддавање;
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – сопственост на Општина Куманово на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за формирање на Локална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Општина Куманово;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово.